Се сеќавате ли на фамозниот „гол“ на Кире против Германците? (видео)

 

Во пресрет на вечерашниот дуел против Германија, досега четири пати се соочуваме на големите првенства и четири пати губиме, а најболен од сите е поразот од Европското првенство во Србија, во 2012 година.

И тогаш игравме во иста група, во првата фаза во Ниш, а по воведното коло, во кое Македонија ремизираше со Шведска, тргнавме кон целосно изненадување против Германија.

Фавиритит водеше со 24-23, кога Македонија тргна во последен напад, на 20-тина секунди до крајот. Лазаров се крена и биеше, но топката удри во пречката, во подот и „побегна“ надвор од голот!

Германците си победија, а цела Македонија се крена на нозе со обвинување дека бевме обесправени, дека шутот на Лазаров беше гол, неправедно игнориран.

Да се случи такво нешто сега, на ЕП во Хрватска, ќе нема дилеми, бидејќи видео-технологијата во рок од секунди ќе ја покаже вистината.

 

 

 

17.01.2018 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега