Калкулации: Ова е најдобриот расплет за македонските ракометари
Данска да ја победи Шпанија а Чешка да слави над Унгарија е најдобриот расплет на првата фаза од Европското првенство во Хрватска, покрај победата на Македонија вечерва над Германија.
Шпанија во моментов е лидер во групата Д и ако ја победи Данска во следната фаза ќе пренесе максимални 4 бода.
Данците пак имаат пораз од Чешка која вечерва со победа над Унгарија го потврдува пласманот во следната фаза. Доколку Чесите победат со Унгарија а Данска ја победи Шпанија сите екипи во следната фаза ќе пренесат по два бода. Во таква ситуација евентуалната победа на Македонија над Германија ќе ни донесе 4 бода во следната фаза и 2 бода предност пред конкурентите.
Сепак ова се само калкулации кои можеме да ги правиме по мечот меѓу Македонија и Германија кој почнува во 18:15 часот. Во истото време игра и Чешка, додека Шпанија и Данска играат во терминот од 20:30 заедно со Црна Гора и Словенија кој ќе го одиграат последниот меч од нашата група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа