Средба Мицкоски - Тимоние: Македонија се движи во загрижувачка насока

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес придружуван од членот на Извршниот комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, јавува прес службата на ВМРО-ДПМНЕ

„Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република  Франција имаат  добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина.

Претседателот Христијан Мицкоски истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори се во насока на остварување на овој наш стратешки интерес. Мицкоски потенцираше дека досега од владата во таа насока гледаме само деклеративни заложби, без конкретни дела.“ - се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски го информирал Тимоние и за како што велат политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла, што според партијата е удар врз демократијата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ гледа огромен пријател во Република Франција и ќе се грижи за унапредување на односите во иднина, со цел просперитет на нашите два народи.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

16.01.2018 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега