Ракометниот сојуз на Словенија најавува приватна тужба за ЕХФ

 

Ракометната репрезентација на Словенија размислува да се повлече од Европското првество во Хрватска, незадоволни од судски одлуки, посебно во вчерашното реми против Германија (25-25).

Европската ракометна федерација ја одби денеска жалбата на Словенците и го регистрираше натпреварот со синоќешниот резултат.

Конечната одлука ќе ја донесе Ракометниот сојуз на Словенија, на чело со претседателот Фрањо Бобинац, соопштено е на прес-конференцијата во Загреб.

Бобинац најави и приватна тужба на Ракометниот Сојуз на Словенија кон ЕХФ поради влијание на поединец на конечниот резултат, кој беше 25:25. Словенците исто така ќе се жалат и во Судот за спортски права во Лозана.

– Ова ги преминува сите граници, па нашата федерација сериозно размислува да го напушти ЕП, иако од друга страна се плашиме од негативните последици кои можат да произлеат од ваквата одлука, изјави генералниот секретар на РСС, Горан Цвијиќ.

Литванските судии неколку секунди пред крајот донесоа одлука да му дадат црвен картон на Блаж Благотиншек бидејќи не се наоѓал на потребните три метри оддалеченост од германскиот играч, кој сакаше да изведе од центарот, на само секунда пред крајот. Потоа беше досуден црвен картон за Благотиншек и пенал за Германија, кои успешно го изведоа и натпреварот заврши нерешено.

Судиите 10 минути ја гледаа видео снимката, и ја донесоа контроверзна одлука по што селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ револтиран застана на голот да го брани пеналот.

Бобинац и соработниците ќе одлучат дали ќе се одлучат да го направат радикален потег и ќе го напуштат Загреб пред последниот натпревар од првата фаза од ЕП. Словенечката репрезентација по два натпревара има само еден бод, по ремито со Германија и поразот од Македониоја (25-24) кога Вујовиќ, исто така, имаше многу забелешки за судењето.

 

 

 

16.01.2018 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега