Невидена драма на мечот Словенија- Германија - крајот смени се

 

Вистинска драма досега невидена на меч од Европско првенство се случуваше вечерва на натпреварот меѓу Германија и Словенија во рамки на групата каде се наоѓа и Македонија.

Имено, при резултат од 24:23 за Словенија, Германците погодија за нерешен резултат на само неколку секунди пред крајот. Веднаш по погодокот на Германците, Словенците изведоа брз центар и погодија за 25:24, буквално со гол во последните секунди. После ова истече времето.

Сепак, наместо крај на мечот, тоа всушност беше старт на една драма. Германците негодуваа кај судиите, сметајќи дека словенечкиот пикер Благотиншек неправилно го започнал нападот на Словенија од центарот на теренот.

По неколкуминутно прегледување на снимката, судиите донесоа скандалозна одлука. Благотиншек доби црвен картон, а Германците добија пенал кој го реализираше Рајхман за 25:25.

 

 

 

15.01.2018 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега