Македонски навивач од Загреб: Газиме до крај, до крај (видео)
Триумфот против Словенија во првиот меч од Европското првенство ги зголеми апетитите на македонските навивачи, како на оние кои се наоѓаат во Загреб, така и на целокупната македонска јавност.
Низ социјалните мрежи кружи една снимка од анкетирани македонски навивачи во Згареб, кои очигледно не го кријат задоволството после победата над Словенија. И не само тоа, голем дел од нив најавуваат учество до крајот на шампионатот и борба за медал.
Посебно впечатлива беше изјавата на третиот анкетиран навивач од оваа снимка кој вели:
-Очекувано, газеме до крај, до крај. Прво место во групата, сигурно.
Инаку, македонската ракометна репрезентација вечерва во Загреб против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска.
Македонија имаше успешен старт и победа над Словенија во саботата, па со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза.
Победа за „црвено-жолтите“ ќе значи и пренесување најмалку два бода во следниот сегмент што би значело и зголемување на шансите за висок пласман.
Од друга страна, Црна Гора во 1.коло претрпе убедлив пораз од Германија (19:32) и е под императив да не го заби натпреварот.
Избраниците на Раул Гонзлаес на овој дуел влегуваат како фаворити, но селекторот, исто како и капитенот Кирил Лазаров, повеќе пати апелираа да не се потцени противникот во никој случај и да се заборави победата над Словенија.
Средбата Македонија – Црна Гора во „Арена Загреб“ почнува во 20 часот и 30 минути.
Во првиот натпревар од 2.коло во Ц-групата, од 18 часот играат Словенија и Германија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа