ФОТО: Поради Тоше научила македонски и дошла во Крушево - Македонија и подарила уште една љубов

 

Уште како средношколка, Наташа Ѓаковиќ, сонувала да ја запознае нашата најголема ѕвезда Тоше Проески.

Таа била скршена и во неверување кога дознала дека Тоше прерано го напуштил овој свет. Но, таа заради големата љубов кон македонскиот пејач, го научила македонскиот јазик и обичаи. Додека трагала по гробот на Тоше, таа ја запознала љубовта на нејзиниот живот - нејзиното момче Јордан Мартиновски.

„Среќна сум и силно врзана за Македонија, пријателите и денес не ме разбираат од каде толкава љубов што ме натера да научам и обичаи и јазик и сè. Mногу ми е тешко што Тоше не е повеќе жив, па да можам заедно со моето момче да одам на негов концерт во Скопје. Судбината ми одредила поинаков тек и цел живот ќе жалам за Тоше, но верувам дека Бог ми го даде Јордан, за да имам некој со кого ќе ја споделам тагата по него.“ – пишува doznajemo.com

31.08.2013 - 12:12
Фото: 
doznajemo.com

најчитано сега