ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди конкретни решенија, Жерновски бара алиби за неговата безидејност

 

Андреј Жерновски секој ден си создава алиби затоа што не знае како да ја води Општина Центар, незнае да работи, затоа што никојпат не ни работел. Тој ниту еднаш не понуди реален концепт и реално остварлива програма. Затоа денес  тој наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните на Центар, сеуште бара оправдувања за неговата безидејност.

Ние знаеме дека Андреј Жерновски и понатаму ќе се занимава со сенешто освен со работите кои треба да ги сработи. Свесни сме дека како и досега така и во натамошниот период Жерновски ќе бара виновници кај другите , само и само за да ја покрие својата неспособност.

Тој веќе десетти ден се занимава со глупости, постојано говори за опструкции, рушења, дислокации и мораториуми, неместо да се зафати со решавање на потребите на граѓаните на Центар и да изгради нешто.

Впрочем, тој никојпат не ни знаел , ниту пак имал идеја како ќе треба да се менаџира со Општина Центар.

 

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега