За четири месеци четири милиони патници се возеле низ Македонија

 

 Во вториот квартал годинава патниот патнички превоз во Македонија го користеле 4.051.000 патници, железничкиот 221.000, градско-приградскиот 18.366.000, а воздухопловниот  277.049 патници.

Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 13,8 проценти, во железничкиот превоз за 22,4 проценти,  а е зголемено  за 9 проценти во воздухопловниот превоз.

30.08.2013 - 13:25

најчитано сега