Свети Никола е најчестата македонска слава: Рецепт за посна сарма
Најчестата македонска слава која ја слави секое второ семејство е пред прагот. Посната слава Свети Никола на трпезата бара посно гравче, сарма, риба...
Ова е рецепт за посна сарма за големиот празник кој ни претстои.
1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
суво нане
црвен пипер
250 гр. масло
Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа