Само економисти сакаат да го наследат Црвенковски
Зоран Заев, Кире Наумов и Игор Ивановски според сите анализи се најсериозните кандидати за наследни на Црвнековски. Иако во оваа трка се споменуваше и името на Стево Пендаровски, професорот, за неколку медуми најави дека не планира да влгува во трката за фотељата на Црвенковски. Се споменуваат и имињата на пратнеичките Станка Атанасова и Тања Томиќ но според познавачите на состојбите во СДСМ, дамите речи си и да немаат шасни пред истакнатите партиски функционери, кои веќе имаат солидни лоби групи и добро разработена теренска стратегија.
Press24 ги пролиста биографиите на најсериозните кандидати за наследник на Црвенковски
Зоран Заев
Зоран Заев е актуелен градоначлник на Струмица и истовремено еден до четвроката потпретседатели на СДСМ. На Бихаќка го сметаат за вреден работник но истовремено и функционер кој не знае да топне на маса. Никогаш со своите одлуки не му противречел на Црвенковски, но сепак, меѓу кандидатите за Претседател на СДСМ има кадри кои се сметаат за поблиски до лидерот. Заев има 39 години. По професија економист. Завршил на Економскиот факултет во Скопје на отсекот Ментарна економија и финансии.
Во својата политчка биографија ја носи дамката на аболицијата од Црвенковски, по случајот Глобал во кој Заев беше осомничен за злоупотреба на службената положба. Пред еден месец го почна третиот мандат како градоначлник на Струмица. Веќе седел во претседателската канцеларија на Бихаќка но само како В.Д Претседател, за во 2009 таа позиција да му ја отстапи на Црвенковски. Според она што може да се прочита во медиумите, Заев покрај поддршката на Шеќеринска, може да се надева и на поддршка од пратениците Јани Макрадули, Цветанка Иванова и Панче Орцев а според неофицијални информации, зад него стојат ограноците на СДСМ од Источна Македонија
Кире Наумов
Кире Наумов е еден од кандидатите за претседател на СДСМ кој во последните години не беше директно инволвиран во случувањата внатре во партијата, па според многу аналитчари, тоа може да се смета како предност, особено ако се има предвид, дека токму во овие години СДСМ ги доживеа најтешките моменти од основањето и неколку тешки порази во серија. Ослободен од губитнички политчки багаж, 42 годишниот економист ќе ја бара поддршката од членовите на СДСМ кои очекуваат нов концепт за водење на партијата. Има дебело политчко СV со многу значајни функции. По постдипломските студии на Економскиот факултет во Белград од 1996 до 1997 година е Асистент во финансирањето и контрола на секторот во Агенцијата за трансформација на јавните претпријатија, со општествен капитал, а од 1997 е асистент на Економскиот факултет. Од март 2003 до април 2004 година е економски советник на тогашниот премиер Бранко Црвенковски од мај 2004 кога Црвенковски заминува на претседателската функција во Република Македонија Наумов исто така е негов економски советник. Од јули 2006 година до август 2007 година ја извршува функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.
Игор Ивановски
Игор Ивановски е актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Во партијата го сметаат за одличен организатор и еден од најблиските, ако не и најблизок соработник на Црвенковски. Има 36 години и по професија е економист со диплома од Економскиот факултет во Скопје каде бил и асистент. Добро знае како функционира Социјалдемократскиот сојуз со оглед на тоа дека бил негов Генерален секретар. На полседните локални избори му беше доверена функцијата шеф на републичкиот изборен штаб. Својата кандидатура официјално не ја најавил но важи за сериозна опција за наследник на Црвенковски. Меѓу пратениците, најблизок соработник му е Емилијан Станковиќ од кого ќе очекува најгоелема поддршка на Конгресот на 2 јуни. Добр стои кај скопските локални ограноци на СДСМ.