ВМРО-ДПМНЕ: Нашиот став за Извештајот не може да зависи од соништата на Шекеринска

 

Радмила Шеќеринска повторно изнесува невистини за Извештајот за 24 декември, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Радмила Шекеринска.

„Радмила Шеќеринска повторно изнесува невистини за Извештајот за 24 декември.

          Немало гласање, туку со акт на потпишување, Извештајот бил прифатен. За членовите Илија Димовски и Благородна Дулиќ, а на знаење на Љубомир Фрчкоски и Рената Тренеска-Десковска, правните квалификации не биле прифатливи.

          Секој во Република Македонија има право на слободна изразена волја, што членовите на Комисијата, Илија Димовски и Благородна Дулиќ, го направиле со јасна и прецизна форма, изразувајќи несогласност со правните квалификации.

          Радмила Шеќеринска нема право да ја одзема, ниту ограничи слободата на изразување на било кого, ниту пак да го наметнува своето лично мислење на некој друг како апсолутна вистина.

          За ВМРО-ДПМНЕ правните квалификации се неприфатливи, а ќе продолжиме да работиме на реализација на препораките произлезени од Извештајот.

          ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека евро-комесарот Штефан Филе преку Канцеларијата на ЕК во Скопје знае и за изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и за оградувањето од правните квалификации со потписите во Извештајот.

          Во делот на т.н. правни квалификации, на СДСМ му дадовме безвредно лижавче на кое тие можат да продолжат да се радуваат. Штом СДСМ не може да се израдува на победа на избори, барем нека се израдува на безвредни правни квалификации во  форма на играчка за деца.

          За нас е значајно што успеавмеда затвориме уште едно важно прашање од доменот на европските интеграции. Ако СДСМ и луѓето во СДСМ се незадоволни од Извештајот, тогаш тоа е нивен внатрепартиски проблем.

          Ние нема да дозволиме лошите меѓучовечки односи и недовербата која владее внатре во СДСМ да се решава врз грбот на ВМРО-ДПМНЕ.

          ВМРО-ДПМНЕ сосема јасно го посочи својот став за Извештајот, за неговата содржина и за правните квалификации и тој став никогаш не може да зависи од желбите и соништата на Радмила Шеќеринска.

 

          За крај би сакале да ја потсетиме ѓ-ѓата Шеќеринска дека пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ, беа неми и зачудени набљудувачи, а не учесници, на хаосот кој во Собранието на Република Македонија на 24 декември го направија пратениците на СДСМ. Директен учесник во тој хаос беше токму Радмила Шеќеринска, која со своето недолично однесување и со седење врз работната маса на Претседателот на Собранието, се обидуваше да спречи нормално одржување на седница на Собранието на Република Македонија. “

(Интегрален текст од писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ)

29.08.2013 - 16:25

најчитано сега