Македонец безмислосно си го убил другарот во Зеница

 

30 дена притвор си заработи македонскиот државјанин Сафет Јонузи кој е осомничен за убиството на 22 годишниот босански државјанин Кенан Муховиќ. Според истражителите од Основниот суд во Зеница, Босна и Херцеговина Јонузи и Муховиќ долги години биле пријатели.

17-годишниот Авон Валон кој беше уапсен за истиот случај, се очекува наскоро да биде ослободен бидејќи било докажано дека тој не го убил Муховиќ. 

Според истражителите, Јонузи завчера го убил својот пријател поради банална расправија, а тешко го ранил 34 годишниот Садмир Шабиќ.

 

29.08.2013 - 11:43

најчитано сега