Попоски: Имаме одлични билатерални односи со Албанија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска оствари средба со неговиот колега од Албанија Алдо Бумчи.
На средбата биле реафирмирана заложбите за градење на уште поцврсти односи меѓу двете соседни земји.
- Дојдовме до точка кога го пишуваме најдобрoтo поглавје на нашите билатерални односи, истакна албанскиот министер Бумчи.
- Заедничката цел е целосно искористување на потенцијалите кои се нудат за динамична добрососедска соработка и развој, а тој потенцијал е многу голем, рече министерот Попоски.
ФОТО:Сител