Што точно се случува со телото кога пиете кафе на празен желудник
Иако повеќето луѓе само што ќе станат од спиење се фаќаатза ѓезвето и варат кафе, сепак ова се неколку причини зошто не треба да го правиме тоа и да го испиеме првото утринско кафе на празен желудни.
Кога ќе испиете кафе на празен желудник, се лачат повеќе киселини, со што се зголемуваат ризикот од чиреви и хроничен гастритис. Исто така, со кафето на празен стомак доаѓа до отежната апсорпција на протеини во организмот, а тоа доведува до зголемување на ризикот од рак на дебелото црево и воспаленија.
Кафето наутро доведува и до зголемување на кортизолот-хормонот на стрес. Тој ефект се зголемува доколку пиете кафе на празен стомак, бидејќи храната делува на организмот така што го смирува, додека кафето обратно.
Кофеинот го попречува и лачењето на серотонин, хормонот на среќата. Ако пиете кафе гладни ќе почувствувате како ве крева и ќе се чуствувате енергично, но тоа кратко ќе трае. Потоа ќе се чувствувате како издуван балон.
Потоа, организмот постојано ќе ви бара кофеин како помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа