ВИДЕО: Двоен цепелин на Металург - блескаво враќање на Манасков
Ракометарите на Металург со убедливата победа над Пик Сегед од 26:16 (полувреме 13:11) во првиот плејоф натпревар, направија голем исчекор кон пласманот во групната фаза во Лигата на шампиони.
На натпреварот одигран попладнево во во СЦ „Борис Трајковски“, македонскиот вицепрвак Металург, одигра фантастично второ полувреме, пред се во одбаната, дозволувајќи му на противникот да постигне само пет гола.
Најефикасен во победничкиот тим, воедно и на натпреварот беше Дејан Манасков со по шест голови, за кого ова беше прв натпревар по повеќе месечната пауза поради повреда.
Ренато Вугринец придодаде пет голови, а новото засилување Русинот, Павел Атман постигна четири голови за Металург.
Возавратниот натпревар по кој ќе биде познат патникот во фазата по групи во Лигата на шампиони ќе се одигра в недела на 1 септември во Унгарија
28.08.2013 - 23:04