Две победи и два порази на македонските тенисери
Половичен успех имаа македонските тенисери на денешните мечеви во поединечна конкуренција на фјучрс турнирите. На турнирот во Дам (Белгија), македонскиот тенисер Димитар Грабул во меч од 2.коло го совлада четвртиот носител Даниел Сметхарст од Велика Британија со 2:0 во сетови. Двата сета Грабул ги доби во тај брек. Грабул во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот Ешли Хјуит (Велика Британија) и Џејмс Џуниор Стром (Белгија).
Првото коло на турнирот на Златибор (Србија) на убедлив начин го почна Томислав Јотовски. Тој го совлада Србинот Арсение Златановиќ со 6:1 и 6:2 по сетови. Јотовски со 2.коло ќе игра со Љубомир Челебиќ од Црна Гора.
За разлика од него порази на стартот на истиот турнир претрпеа Стефан Мицов и Шендрит Деари. Мицов по голема борба и изедначен меч загуби од Ѓорѓе Ѓоковиќ (Србија) со 2:1 во сетови (7:5; 6:7 и 7:5). Најтежок ривал имаше Деари, кој со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4) загуби од третиот носител Србинот Пеџа Крстин.