Џафери: Мора да го решиме проблемот со името за да се отвори патот кон ЕУ и НАТО
Целата Влада има заеднички став за разговорите за името. Свесни сме дека таа пречка треба да се надмине, да се отвори патот кон интеграција во Европската унија и НАТО. За жал, сите се убедивме дека без некое решение нема да се отвори патот и треба сите да инвестираме и да се надеваме дека ќе најдеме некој добар компромис, смета вицепремиерот Муса Џафери, кој ќе го придружува лидерот на ДУИ за време на посетата на САД.
- Прво сакам да кажам дека господин Ахмети ретко патува надвор. Тоа е потребно и добро што ќе ја посети Америка. Ќе има средби и со нашите граѓани што работат и живеат таму и со државната администрација на САД. Сигурно зависно и од Американците ќе има разни теми и ќе се зборува за политичките процеси тука и во регионот, кои се идните приоритети, кои се нашите цели, изјави Џафери.
- Сите ние сме свесни дека таа пречка треба да се надмине, да се отвори патот кон интеграција во Европската унија и НАТО. За жал, сите се убедивме дека без некое решение нема да се отвори патот и треба сите да инвестираме и да се надеваме дека ќе најдеме некој добар компромис, кој нема да ја стави ниту една од страните во незгодна ситуација. Мислам дека треба двете страни или сите страни да победат, што ќе резултира со членство во НАТО и во ЕУ. Ние со нашите соседи ќе бидеме во исти организации, изјави Џафери.
ФОТО:Сител