ВМРО-ДПМНЕ го честита празникот Голема Богородица

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита празникoт Успение на Пресвета Богородица.

-Денес православните христијани во Македонија го прославуваат денот на големата заштитничка на нашиот народ.  Овој празник е ден кога се чествува мирот, мудроста, чистината на човечката душа, љубовта и толеранцијата како највисоки духовни вредности на секој човек. Во традицијата на нашиот народ се силно вкоренети овие вредности. Тие се столбот на верата и водилка во нашето битисување во вековите. Ваквиот празник е ден кога се слави светоста на семејството, посветеноста кон најблиските и љубовта и разбирањето кон сиот човечки род, стои во честитката од партијата.

28.08.2013 - 12:04

најчитано сега