Бакрачески го награди првото новороденче родено во новата болница во Охрид

 

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска ја посети мајката што го роди првото дете во новоизградената болница во Охрид.

Градоначалникот на Охрид при посетата го даруваше новороденчето со чек од шест илјади денари.

- Независно непредвиденот застој во почетокот, болницата е изградена во рекорден рок, целосно опремена, така што ми претставува огромно задоволство што сум градоначалник на град што ја има најсовремената болница во земјата, рече Бакрачески.

Првото новороденче во Охрид се роди вчера во 10 часот, во целосно реновираното болничко крило на Општата болница во Охрид. Малата Мила Арнаудова тешка 2.790 грама, долга 52 сантиметри, е првото новородено охриѓанче по две и пол години колку што траеше реконструкцијата на Старото болничко крило.  Акушерското одделение, заедно со одделенијата за хурургија, урологија и уво, грло и нос во тој период беа привремено преселени во Општата болница во Струга, каде и се извршуваа породувањата на охридските мајки. Сите новороденчиња во тој период додека траеше реконструкцијата на болницата во матичната книга на родените беа впишувани како граѓани на Струга.

најчитано сега