Оваа билка ја имате во кујна а не ја знаете нејзината моќ: Штити од грип и разни болести

 

Ориганото е самониклива, медитеранска билка која важи за една од најлековитите билки на светот.

Посебно е почитувано неговото масло, кое се добива од повеќе видови оригани, со посебен процес на дестилација, за да се сочуваат сите лековити својства.

Постојат преку 40 видови оригано. Во кулинарството најчесто го користиме  Origanum Vulgare. Меѓутоа, најлековид вид се смета маслото “Origanum Minutiflorum”, кое содржи и до 90 одсто актиивни лековите својства на карвакрол, кој има силни антибактериски својства.

Старите Грци го применувале маслото на оригано за лечење на повреди, змиски убиди и тешкотии при дишењето. Британските научници во истражувањата потврдиле дека маслото на ориганото е ефикасно против 25 различни бактерии. Освен што ги уништува бактериите, маслото на ориганото има силно антивирусно дејство, па штити и од грип, настинка и заушки.

Агресивните антигабични својства на маслото од оригано ги спречуваат тврдоглавите инфекции како кандидијаза, габи на ноктите и слично.

Маслото од ориганото би можело да стане дел од терапијата за лекување на рак. Научниците го естирале дејствувањето на карвакрол на ќелиите на ракот на простата. Карвакрол предизивикува состојба наречена апоптоза - самоуништување на ќелиите на ракот.

Маслото од ориганотопомага и кај прекумерно потење и лош здив, ги убива паразитите, помага кај воспалени мускули, тетиви, зглобови, ги спречува инфекциите и се користи како прва помош при убод на змија и инсекти.

 

 

 

26.10.2017 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега