Охриѓанец си продавал марихуана на тезга на пазар

38 годишниот охриѓанец Н.М. си заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, откако полицијата кај него пронајде околу 7,5 грама марихуана.

Како што информираат од МВР, полициска екипа извршила претрес во домот на охриѓанецот како и на тезга на градскиот пазар во Охрид каде тој работел и таму биле пронајдени 5,3 грама наркотична дрога марихуана, 0,4 грама мешавина од тутун и марихуана и 1,8 грама гранчиња и семки од растението канабис сатива. 

27.08.2013 - 12:33

најчитано сега