Знамето од Кутлеш им направи големи проблеми - Шалке оди со камуфлиран автобус во Грција
Фудбалерите на Шалке денеска во Солун пристигнуваат со автобус кој не е означен со нивните симболи, поради тоа што клубот стравува од агресивни реакции од страна на навивачите на Паок, после натпреварот во Германија.
На претходниот натпревар меѓу Шалке и Паок, во Велтинс арената пред неколку дена, германските навивачи го развиорија знамето од Кутлеш, по што дојде до инцидент на трибините. Според германските медиуми, грчките делегати кога го виделе знамето побарале да биде острането, па полицијата морала да интервенира. Тоа не им се допаднало на фановите на Шалке, па навивачката група УГЕ застанала во одбрана на знамето. Како резултат на инцидентот, хоспитализирани биле 50-тина навивачи. За грчките медиуми целта на германските навивачи била да ги испровоцираат грчките фанови на ПАОК но и фудбалерите. Делегатите од ПАОК биле лути поради „инцидентот“ и непријатно изненадени од постапката на Германците.
Затоа фудбалерите на Шалке денеска во Солун пристигнуваат и ќе се движат со сив автобус на кој нема да има нивни ознаки, освен мала налепница на предното стакло, објавува МИА.
Под наслов „Загриженост поради грчките навивачи – Шалке оди со камуфлиран автобус“, германски „Билд“ денеска ја објавува и изјавата на спортскиот директор на Шалке Хорст Келнт според кој тимот не сака да провоцира со своите заштитни бои.
- Се разбира ќе имаме и придружба и ќе биде интересно да видиме како ќе не пречекаат, додал Келнт.