И во Скопје стигна работилницата за поедноставени царински постапки

 

 

Работилница на тема „Поедноставени царински постапки, е-царина и ТИР-ЕПД” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај.

Најавени се дискусии со олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, активностите за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање електронски пред-декларации.

Царината и „Македонија сообраќај“ одржаа работилници на тие теми во повеќе поголеми градови низ државата.

27.08.2013 - 08:49

најчитано сега