ФОТО: Воз се заби во камион во Велес - возачот се бори за живот

Утринава околу 7:20 часот се случила тешка железничка несреќа на преминот во велешката населба Превалец. Според првичните информации, воз удрил во товарен камион "Сканија" со штипски регистарски таблички, објавува Канал 5.

Очевидците велат дека несреќата се случила утринава околу 7:20 часот, а возачот на камионот веднаш бил пренесен во велешката болница, пишува Канал 5.

Патот Велес-Чашка е блокиран поради увидот кој е во тек. Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега