Татко и син си сушеле марихуана во подрум на црква

 

Грчката полиција денеска соопшти дека на островот Крит уапсила татко и син, на возраст од 45 односно 19 години, кои во подрумот на локалната црква имале погон за сушење на марихуана.

Полицијата по добиена информација влегла во подрумот на црквата и пронашла пет исушени стебла марихуана, високи три метри.

При претресот на станот на таткото и синот, на возраст од 45 односно 19 години, пронајдено е уште едно стебло канабис, три пакети непреработена марихуана, со вкупна тежина од 425 грама, како и пиштол за кој немале дозвола.

Црквата што ја користеле таткото и синот е во селото Тополија и се користи само еднаш годишно, на денот на светецот чие име го носи. 

26.08.2013 - 15:33

најчитано сега