Од ноќеска поскапуваат бензините и дизелот

 

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ,  литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари,  а ЕУРОСУПЕР БС-98  за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.

Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за  41,603 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, во просек е за 1,23  проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.

26.08.2013 - 12:57

најчитано сега