Денеска ќе “паднат“ потписи на конечниот извештај за 24. декември

 

Денеска попладне ќе се потпише конечниот извештај за настаните од 24 декември.

Како што истакна вчера премиерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес на државата и по цена на сопствена штета да гласа и да потпише извештај на ат хок Комисијата каков што сака СДСМ.

Пред потпишувањето на Извештајот, средба ќе остварат шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и претседателот на Ад хок комисијата Борче Давитковски. Потоа, во 12 часот е закажана средба, на која свој потпис на извештајот ќе стават членовите на комисијата Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска - Треневска од СДСМ.

26.08.2013 - 10:04
Фото: 
миа

најчитано сега