Бесими утре во посета на Хрватска

 

Заменикот претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе отпатува во официјална работна посета на Република Хрватска.

Во рамки на посетата вицепремиерот Бесими ќе се сретне со заменик претседателот и министер за надворешни и европски работи на Владата на Република Хрватска, Весна Пусич  и со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. Бесими, како што е најавено, ќе биде примен и од претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ.

На средбите се очекува, како резултат на традицијата на добри меѓусебни односи и соработка во многу области, да се потврди континуираната поддршка на Република Хрватска, за членството на Република Македонија во ЕУ, како и во поглед на препораката од Европската Комисија за отпочнување преговори со европската унија.

25.08.2013 - 14:34

најчитано сега