Мизо: Голем интерес за влез на странски компании

 

Во моментов осум компании од автомобилската индустрија веќе имаат добиени локации, што е многу значајно со оглед на фактот дека претходно не постоеше ваков интерес за инвестирање во Македонија, вели директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо во интервју за Курир.

 нагласува дека дури и во услови на економска криза и во услови кога пазарот на автомобилската индустрија во Европа претрпе многу негативни влијанија нашата земја успеа да стане конкурентна и да привлече вакви инвестиции, но истовремено, како што вели Мизо, успеавме постојано да сме една од неколкуте земји кои мултинационалните компании ги разгледуваат како нови опции за инвестирање.

Тој нагласува дека она што ние го нудиме, не само што е поконкурентно од локации во Западна Европа, туку многу повеќе од тоа, ние стануваме поконкурентни од земјите во Централноисточна Европа. Според Мизо, она што е многу важно за најавените инвестиции кои ќе се реализираат во наредниот период е што поголем број од овие инвестиции ќе се реализираат во другите градови, што ќе придонесе за поголем регионален развој и дисперзирање на економската база.

-Во наредниот период веќе имаме потврда од неколку компании кои одлучиле Македонија да биде нивната следна дестинација. Тоа се две компании од областа на медицинска опрема и медицински материјали кои ќе бидат лоцирани во Скопје, потоа компании од автомобилската индустрија од САД, од кои едната ќе биде лоцирана во зоната во Кичево, а другата треба да биде лоцирана во Источна Македонија, поточно во кочанскиот регион, а тука е и веќе најавената германска инвестиција во Велес. Покрај овие, има и поголем број на други компании од различни земји со кои сме во завршни преговори и кои во есенскиот период треба да донесат конечна одлука. Македонија е во еден круг од две до три земји меѓу кои треба да се донесе конечна одлука. Сметам дека она што е многу важно е што тука немаме само инвестиции кои гравитираат кон Скопје, туку поголем број од овие инвеститори се заинтересирани за другите градови од внатрешноста на Македонија, што е многу важно од аспект на регионален развој и дисперзирање на она што значи економска база. Бидејќи во многу случаи компаниите бараат соодветна структура на работна сила, трошоци за работна сила, што значи дека некои од локациите на ТИРЗ надвор од Скопје во случајов Кичево е најсоодветна локација за нивната компанија, вели Мизо за Курир.

 

најчитано сега