„Нашето присуство е излишно“ - СДСМ ја напушти расправата за Законот за медиуми
СДСМ ја напушти Комисијата за транспорт и врски, сакале да ја остават власта сама со амандманите за Законот за медиуми зашто сметаат дека нивното присуство е излишно. Најавија дека со пратениците ан валдејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат на пленарна седница.
Во меѓувреме законите влегоа на распарава во Законодавно-правната комисија. Од таму пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова порача- нека им е на здравје на новинарите.
- Всушност, тоа е закон за тотален мрак со кој државата, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат медиуми. Тие си направија законска основа за корумпирање на медиумите со кој педесет проценти од програмата на медиумите со овој закон ќе биде плаќана од џебот на граѓаните, односно од буџетот. Накусо кажано, нека им е со среќа на новинарите, рече Иванова.