106 лица и два хеликоптери го ставија под контрола бесниот пожар кај Битола
На територија на Република Македонија до 13:00 часот нема активни пожари, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот кој беше активен предходните денови во општина Битола на потегот помеѓу селата Лисолај и Древеник предмалку е локализиран, соопштуваат од ДЗС. За негово локализирање ангажирани беа 106 лица и два хелихоптери на Армијата на Република Македонија. Временските услови се одлични и не се очекува повторно активирање на пожарот. Дежурни лица и хелихоптерите на АРМ остануваат на местото на пожарот за следење на состојбата. Дирекцијата за заштита и спасување останува да ја следи состојбата.
23.08.2013 - 13:37