Шверцувале марихуана преку извежбани гулаби

Аргентинската полиција уапси тројца осомничени за трговија со дрога кои за шверц на марихуана користеле гулаби, соопштија властите.

Во текот на претресот на куќа во Буенос Аирес, полицијата најде марихуана и кафез во која биле два бели гулаби на кои околу вратот веќе им биле врзани пакетчиња со марихуана.

Според полицијата, губалите одржувале курирска врска меѓу претресените куќи и еден гулабарник кој бил под контрола на дилери.

- Експертите ни укажаа дека извежбан гулаб може да направи и 20 шверц-летови дневно, изјави полициски комесар.

23.08.2013 - 12:44

најчитано сега