Знаете ли кој ќе се крие зад маската на Бетмен?
Актерот и режисерот Бен Афлек ќе го игра Бетмен во продолжението на филмот „Човек од челик“, каде суперхерој првпат ќе се појави заедно со Супермен, објави студио „Варнер Брос“.
- Тој има способност да направи слоевит портрет на човек кој е постар и помудар отколку Кларк Кент, ќе знае како да поднесе лузните на еден борец за правда, но исто така има и шарм кој светот го очекува од милионерот Брус Вејн. Не можам да дочекам да работам со него, наведе во официјалното соопштение режисерот на филмот, Зек Снајдер.
Студиото „Вернер Брос“ соопшти дека освен актуелниот Супермен, актерот Хенриј Кавил, во филмот ќе настапат и Ејми Адамс, Лоренс Фишбурн и Дајан Лејн.
Продукцијата на филмот кој се уште нема официјално име, би требало да почне во текот на следната година, а премиерата е закажана за 17 јули 2015 година.
Последниот филмски Бетмен беше актерот Кристијан Бејл, кој покрај режисерката палка на Кристофер Нолан трилогијата за мрачниот витез ја доведе до совршенство, оценува филмската критика.