„Sea Hero Quest“ – првата мобилна игра во светот за борба против деменцијата сега и со VR (virtual reality) верзија

 

Дојче Телеком ја претстави првата игра во виртуелна реалност (VR) со која секој може да помогне во борбата против деменцијата. Оваа верзија на играта ќе овозможи подетално дијагностицирање на проблемите со навигацијата кај луѓето коишто потенцијално може да развијат деменција.

Мобилната игра „Sea Hero Quest“, Дојче Телеком ја воведе во 2016 година и до сега е симната околу 3 милиони пати, што одговара на 12 000 години лабораториско истражување (најголемото претходно истражување вклучуваше само 599 доброволци).

Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком има голем придонес во севкупните резултати на „Sea Hero Quest“. До сега, над 21 000 граѓани од Македонија ја симнале играта.

Играта е создадена во партнерство со Универзитетскиот колеџ во Лондон, Универзитетот Источна Англија и Институцијата за истражување на Алцхајмеровата болест а осмислена е заедно со дизајнерите на играта, компанијата Glitchers.

Со Sea Hero Quest се обезбеди досега најголемата база на податоци од овој вид која им стои на располагање на научниците, со оглед на тоа што за само 2 минути поминати во играње се собираат податоци еднакви на 5 часа лабораториско истражување.

Со виртуелната верзија на играта податоците поврзани со навигацијата ќе бидат дури за 15 пати попрецизни.

 

Македонски Телеком обезбеди VR катчиња за играње на Sea Hero Quest за сите заинтересирани што сакаат да дадат свој придонес во ова глобално истражување на деменцијата  во Управната зграда на плоштад Mакедонија од 4 до 16 септември и во Tелеком продавницата во City Mall од 4 до 10 септември.

 

 

 

29.08.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега