Во игра дебакл на Комисијата за 24. декември
Можен е дебакл на Комисијата за расчистување на настаните од 24. декември. Со ваков став претседателот на Комисијата Борче Давитковски пред малку излезе пред новинарите, по повеќе од четиричасовна расправа со претставниците на најголемите политички партии во земјава.
На новинарско прашање, можен ли е комплетен дебакл на Комисијата, Давитковски одговори дека во игра се сите опции. Тој потенцираше дека и понатаму останува оптимист, но, како што рече, ќе мора да направи консултации со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.л Во моментов во тек е пауза од 1 час, во која што Давитковски ќе се консултира со Груевски и со Заев, по што најверојатно и конечно ќе се знае дали до петок, Комисијата може да го испегла Извештајот.
22.08.2013 - 13:58
Фото:
миа