Давитковски разговараше со СДСМ - сега “на само“ со ВМРО-ДПМНЕ
Заврши средбата на Борче Давитковски и странскиот претставник Петер Ванхаузен со членовите на ад-хок комисијата за настаните од 24 Декември од редовите на СДСМ Рената Десковска и Љубомир Фрчковски на која присуствувала и заменик претседателката на СДСМ радмила Шеќериснка. Средбата траеше час и половина.
По нив на средба влегоа челновите од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ на која присуствува и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер.
Се очекуваат изјави по крајот на средбите.
Вчера Давитковски изјави дека е оптимист, Груевски изрази очекување СДСМ да ги надмине внатре-партиските проблеми а Заев остана на ставот дека за него решение е само утврдувањето на прекршувањето на Уставот.
Фото:
MИА