Томислав Тунтев застана на чело на охридските социјалдемократи

На чело на Општинската организација на СДСМ во Охрид застана актуелниот советник во охридскиот градски совет Томислав Тунтев.

Оваа одлука ја донесе лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот состанок во Охрид. 

Тунтев  е професор на Техничкиот факултет во Битола и е професор по авио сообраќај. Тој ќе седне во фотелјата на Науме Јовановски кој неколку години беше претседател на СДСМ во Охрид.

21.08.2013 - 09:55
Фото: 
Webohrid

најчитано сега