Апел до битолчани - ако пријавувате пожар не ѕвонете на 193

Битолската противпожарна единица има проблем со телефонскиот број за пријавување пожар, 193, информира Канал 5.

Како што објавува телевизијата, командирот на битолската противпожарна единиз, Костадин Попоски, потврдил дека постои проблем со телефонската линија. Тој ги упатува граѓаните да пријавуваат проблеми на бројот на битолската полиција 192 или на 195, бројот на Центарот за известување и трвожење, од каде информацијата ќе им биде пренесена на противпожарната служба.

 

Фото: 
20.08.2013 - 14:50

најчитано сега