ЗНМ: Законот за медиуми да стапи во сила по влезот на Македонија во ЕУ

Здружението на новинарите на Македонија поднесе амандман до македонското Собрание, за предлог Законот за медиуми, со кој се одредува тој да стапи во сила кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Како што објасни првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, со овој амандман, Македонија ќе се заштити од препреките во интегративниот процес, со оглед на тоа што, како што рече, на овој закон инсистира македонската Влада, а не Европската Унија.

 – Владата тврди дека овој закон е според европските стандарди. Ако е тоа така, тогаш ние немаме ништо против законот да се применува кога ќе станеме членка на Унијата, истакна претседателот на ЗНМ.

20.08.2013 - 14:24

најчитано сега