Заев: Очекувам Комисијата да утврди прекршувања на уставот

 

Оптимист сум дека Комисијата за случувањата за 24. декември ќе си ја заврши работата и ќе утврди прекршување на уставот.

Со ваква изјава лидерот на СДСМ Зоран Заев пристигна на седницата на експертската Комисија, во Клубот на пратениците во Скопје. Тој изрази задоволство што ВМРО-ДПМНЕ, како штоп рече, ја прифатиле нивната иницијатива Комисијата да работи во овој формат. Со тоа, како што рече Заев, СДСМ ги исполнил сите обцрски од мартовскиот договор. Пред Заев, во Клубот на пратениците пристигна претседателот на Комисијата во оставка, Борче Давитковски, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ Илија Диомовска уи Благородна Дулиќ, како и шефот на Кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер. Од редовите на СДСМ тука се и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска. Во секој момент се очекува да пристигне ио премиерот Груевски, како и заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска.

Согласно вчерашниот договор, Комисијата за 24. декември има рок финалниот извештај да го усвои фо петок.

20.08.2013 - 14:07

најчитано сега