Од четврток значителен пад на температурите и пријатно време

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во западните, а во вечерните часови во јужните и југоисточните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува североисточен и источен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 37°C. УВ индекс 8, јавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 8.

Во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во западните и југозападните предели. Ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, а максилните дневни температури од 26°C до 36°C. УВ индекс 7.

Во четврток и петок следува осетен пад на дневните температури и доста пријатно време.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево и топло. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните западни предели.Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во источните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 10°C до 20°C, а максималните температури ќе се движат од 24°C до 34°C. УВ индекс 7.

Во петок ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 7.

20.08.2013 - 13:05

најчитано сега