Божидар Димитров: Во Македонија има 120.000 Бугари

 

Контраверзниот и секогаш провоцирачки настроен кон македоснките новинари, историчари и политичари, директор на бугарскиот национале историски музеј, Божидар Димитров во интервјуто за Прес24 со навредувачки и понижувачки термини одговоара на како што вели тој, нелогичните прашања поставени до него. Димитров користи термини од типот идиоти, гупи и неителегентни, кога зборува за новинари, политичари и историчари. На Прашањето зошто ја провоцира Македонија, Димитров одговара:

- Никогаш не сум ја провоцирал "македонската" нација, и политичари, "историчари" и новинари.  Забавно е да се побиваат глупавите им тези, вели во интервјуто за Прес24, Божидар Димитров.

Димитров вели дека во Македонија има 120.000 Бугари, а во Бугарија околу 5.000 Македонци. Димитров Тврди дека никој во Бугарија не го оспорува правото на самопределување, па ниту на Македонците.

- Кој идиот Ви кажал дека Бугарија не го признава македонско малцинство, одговора Димитров на прашањето од што се плаши Бугарија да овозможи непречено изјаснување на макеонците на попис во Бугарија.

Димитров е убеден дека целиот свет верува во неговите тези дека макеонската нација е создадена од политички причини.

-Основана со одлука на Коминтерната од 1934 година врз основа на бугарскиот народ кој живеел во Кралска Југославија, а претворена во живот од комунистичка Југославија по 1944. Инаку македонизмот е идеја на српскиот политичар Ст. Новаковиќ од 1889 година, кој цинично пишува: "Сите обиди да ги посрбиме Бугарите во Македонија трпат неуспех. Затоа да им создадеме чувство дека припаѓаат на друга нација, различна од бугарската и српската. Така ќе ги откинеме од бугарската нација, а новоформираната нова, помала и слаба нација полесно ќе ја претопиме ", го објаснува во негов стил  во интервјуто за Прес24, Божидар Димитров, создавањето на македонската нација.

ПРЕС24: Господине Димитров се покажаа како погрешни Вашите порценки и за супериорноста на бугарската нација, но и за можноста да се предизвикаат какви било инциденти. Два гола во мрежата на Бугарија?

ДИМИТРОВ: Прашањето Ви е брилијантно сведоштво за манипулативноста на повеќето т.н. скопски новинари. Никогаш и никаде не сум рекол дека бугарската нација е супериорна над македонската. Сум  кажал дека фудбалскиот тим на Бугарија во моментов е подобар - сепак скопскиот тим ги имаше изгубено последните четири натпревари. Но веднаш потоа реков дека не е тешко да се победи бугарскиот тим, бидејќи неговата игра е колеблива. Поинаку кажано темата беше фудбалска, а не национална. 

ПРЕС24:  Секое Ваше појавување во јавност, секоја Ваша изјава во врска со Македонија предизвикува бурни реакции. Од каде потребата да се провоцира македонската нација и народ со вакви изјави?

ДИМИТРОВ: Никогаш не сум ја провоцирал "македонската" нација, и политичари, "историчари" и новинари.  Забавно е да се побиваат глупавите им тези.

ПРЕС24:  Еве на пример меѓу последните Вашти такви провокации е и онаа дека натпреварот Македонија-Бугарија е од домашното правенство. Претходно излегувавте со ставови дека македонската нација ќе изсчезне, аргументирајќи го тоа со вадењето бугарски пасоши. Не е ли малку смешно да се занимавате со македонското прашање и да анализирате како тоа ќе ја доживее судбината на Маите, а на пример не го гледате сериозниот проблем што го има Бугарија. Од деветте милиони Бугари пред 20 години, денеска бугарската нација е помала за два милиони? Ако од оние 7 милиони и нешто се одземат милион и половина Турци и Роми, тогаш Бигарите се пред сериозен проблем. Нели?

ДИМИТРОВ: Приказната за домашното првенство природно беше шега и жално дека не сте се почувствувале.  Бугарија, во право сте има сериозен демографски проблем, но ние го решаваме. И со стимулирање на наталитетот и со давање на државјанство на луѓе од дијаспората. Само во Македонија имаме веќе 120, 000 Бугари. И горе - доле по толку од Молдавија и Украина. И малку по малку од Србија, Романија, Турција, Грција, Албанија е Косово. А, освен тоа не сметаме дека овне 2 милиони Бугари кои емигрирале во ЕУ се изгубени за нацијата. Тие едноставно живеат и работат таму. Некои ќе останат таму, други се враќаат по подобрување на економската структура. Вкупно Бугарите во светот се 13 - 14 милиони луѓе. Едни се со бугарски пасоши, други не. Македонија да му мисли дека сме само 1, 300, 000.

ПРЕС24:  Како Вие ја дефинирате македонската нација, македонскиот народ?

ДИМИТРОВ: Основана со одлука на Коминтерната од 1934 година врз основа на бугарскиот народ кој живеел во Кралска Југославија, а претворена во живот од комунистичка Југославија по 1944. Инаку македонизмот е идеја на српскиот политичар Ст. Новаковиќ од 1889 година, кој цинично пишува: "Сите обиди да ги посрбиме Бугарите во Македонија трпат неуспех. Затоа да им создадеме чувство дека припаѓаат на друга нација, различна од бугарската и српската. Така ќе ги откинеме од бугарската нација, а новоформираната нова, помала и слаба нација полесно ќе ја претопиме ".

ПРЕС24:  Господине Димитров, Бугарија формално е дел од европските институиции, НАТП, ЕВропската Унија. Тоа подразбира и дека треба да дели европски вредности. Но денеска во Бугарија има далеку помалку свест за демократија, за човекови права, права на самопределување, отколку во времето на Ѓорги Димитров и почетоците на комунизмот. Да се декларирате како европска држава, а да не дозволувате некој слободно да се самоизјаснува на која етничак група припаѓа?

ДИМИТРОВ: Да тврдите дека во ерата на Георги Димитров (1946 - 1949), епоха на тврдата комунистичка диктатура од Сталинстички тип во Бугарија имало повеќе демократија, човекови права и право на етничко самоопределување е глупост над глупостите. Помек израз не можам да смислам.

ПРЕС24:  Има ли Македонци во Бугарија?

ДИМИТРОВ: Според последниот попис околу 5 000 лица.

ПРЕС24:  Од што се плаши Бугарија да го признае македонското малцинство. Од 1946 до 1955 таа бројка е околу 180.000. Колкава е денес?

ДИМИТРОВ: Кој идиот Ви кажал дека Бугарија не го признава македонско малцинство?

ПРЕС24:  Претпоставувам дека знаете оти во најголем дел Вашите ставови за историјата на Македонија се косат со официјалните светски историски ставови по тоа прашање. Зошто сакате се што е дел од Македонската историја да го претсваите како дел од Бугарската историја?

ДИМИТРОВ: Моите ставови за историските прашања се во целосна покриеност со ставовите на светската наука. Државата која краде историја од Грција и Бугарија поради недостаток на своја е Македонија.

ПРЕС24:  Ајде неколку блиц одговори: Александар Македонски? Бугарин, Грк или Македонец?

ДИМИТРОВ: Правото на самоопределување е основно човеково право во демократијата. Александар Македонски, како и неговиот татко Филип Македонски се определиле во јавните настапи како Грци. Нивната политичка идеја е создавање на огромна грчка држава. Никој скопски тпанар не може 2400 години по смртта да им припишува друг идентитет. Припишувањето на друга етничка припадност на починати луѓе - од цар Самоил до Гоце Делчев е една од најгрозоморните злосторства на македонизмот, тие како луѓе се мртви и не можат да се одбранат. Во цивилизираниот свет, оваа практика се нарекува мародерство. Во армиите од целиот свет мародерство се казнува впрочем со смрт.

ПРЕС24:  Цар Самоил?

ДИМИТРОВ: "Во тоа време кај Бугарите доби сила еден многумоќен маж, наречен Самуил" - така пишува во српскиот ракопис од ХІІ век. Во византиски, арапски, ерменски, латински ракописи од времето на Самуил исто така пишуваат дека Самуил е Бугарин, бугарски цар и управува царство Бугарија. Во македонскиот град Битола при ареолошките ископувања беше пронајдено голема плоча со натпис "Јас цар Иван Владислав самодржец (цар) Бугарски, Бугарин по потекло ... изградив тврдината Битола за спасение на животот на Бугарите".

Иван Владислав е внук на Самуил. Со еден краток текст тој објаснил на светот каков етнос е и тој и неговиот вујко, чии кралеви се и што се по народност жителите на нивното царство.

Плочата е во Битолскиот музеј и денес. Сум објавил и тоа се уште важи - Ако некој најде древен текст во кој е напишано дека Самуил е македонски цар, откривачот ќе добие од мене 1, 000, 000 евра.

ПРЕС24:  Сесловенските просветители, Кирил и Методиј. Кој има ексклузивно право врз нивната заслуга за писменоста?

ДИМИТРОВ:  Бугарската држава и лично цар Борис I,. Тој застанува со целата финансиска, политичка и воена моќ на Бугарската држава зад нивното дело, кога од него се откажуваат Византија, Папството, Великоморавската држава

ПРЕС24:  Охридската Архиепископија, бугарска, српска или македонска?

ДИМИТРОВ:  Официјалното име на создадената од императорот Василиј Втори Бугароубиец архиепископија во Охрид во 1018 година е "Бугарска автокефална архиепископија". Како таква таа постои повеќе од 7 века. Нејзините Поглавари дури и кога се Грци или Срби се титулираат "Бугарски". По нејзиното ликвидирање од фанариотите во 1874 година таа воскреснува како митрополија на Бугарската егзархија.

ПРЕС24:   Вие себе си како што се декларирате како потомок на прабугарите, или на Македонците?

ДИМИТРОВ: Тажно прашање ми поставувате - јасен доказ за голем интелектуален недостаок.

 

 

20.08.2013 - 12:22

најчитано сега