Топлотен бран во Македонија - од утре влегуваме во жолта алертна фаза

Ги потсетуваме граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се:
- избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот,
- носење лесна и светла облека
- консумација на лесна храна и течности,
- хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и
- редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Комисијата за климатски промени при Министерстбото за здравство континуирано ја следи состојбата со топлото време за што јавноста навремено ќе биде информирана.