Познат актер изврши самоубиство

Поранешна ѕвезда на „Дизни“, актерот Ли Томпсон Јанг е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Полицијата не ги откри причините за смртта на 29 годишниот актер, но неговиот адвокат открива дека актерот извршил самоубиство.

Јанг е познат по популарното шоу на Дизни, „The Famous Jett Jackson“ која се емитуваше од 1998 до 2001 година, а домашната публика го знае по улогите во сериите како: „Smallville“, „CSI : NY“ и филмот „Friday Night Lights“.

20.08.2013 - 10:54

најчитано сега