МЗШВ: Да се интензивира откупот на пченица

 

Oд Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелираат да се интензивира откупот на пченицата од страна на сите инволвирани во процесот. Како што соопштуваат од Министерството, тоа е од особена важност во овој момент затоа што ќе обезбеди заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители и на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор, како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.

- Остварувањето на овие цели за Министерството е приоритет кој е во интерес на Република Македонија и на македонското земјоделство, наведува МЗШВ во контекст на информациите објавени изминатите денови во некои медиуми. 

Според Министерството, досега се откупени 120.000 тони или 82 отсто од планираните количини кои ќе се движат во границите на откупот од претходните жетви.

МЗШВ информира дека остварува секојдневна комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откуп, со сите форми на здружување на земјоделците производители на пченица и мелничко-пекарскиот сектор преку која дополнително се следи количината на откупената домашна пченица и состојбите од терен. Во овој процес непосредно е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство кој преку посебни тимови ги следи состојбите, условите и начинот на откупот, преку доставување теренски податоци на дневна основа.

- Во насока на објективно информирање на македонската јавност, а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта, информираме дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на  забрзување на динамиката на откуп, наведува Министерството за земјоделство.

19.08.2013 - 16:57
Фото: 
Денешен

најчитано сега