Вучиќ: За Косово не може да се гласа
Државата е подготвена да прифати референдум за бриселскиот договор со прашање, „дали сте за договорот или не“, но не доаѓа во предвид да прашањето биде „Дали Косово треба да биде во Србија“, изјавил потпретседателот на Владата Александар Вучиќ. Им реков на Србите на Косово: „Одиме на референдум, но немојте да си играте со тоа дека треба да ни велите дека прашањето треба да биде, дали Косово треба да биде во Србија или не. Кој на тоа ќе каже не?“, вели Вучиќ.
Вучиќ потсети дека Србите на северот на Косово се принудени да одржат референдум, но дека тие мораат да ја прифатат одлуката на мнозинството и да учествуваат во примената на договорот. Запрашан дали очекува дека Србите од северот на КиМ ќе пристапат на договорот, тој рекол.
„На таков одговор се надевам во вторник, но се плашам дека нема да се случи“
Вучиќ навел дека на состанокот со Србите, кога ги прашал дали се за прашањето да биде „дали сте за договор или не“., еден од претседателите на општината Славиша Ристиќ му одогворил дека може, но во тој случај тој да не биде вклучен во кампањата.
Му реков дека така не може. Морам да се вклучам, затоа што сакам да му кажам на народот дека тоа е начинот на кој што Србија може да опстане. Да не бидеме изолирани, да не ни воведат визи и да престанат да разговараат со нас.
Одлуката не се менува. Вучиќ истакна дека мора да се постигне договор со Србите од северот.