Забрана за увоз на iPhone уреди?

 

Qualcomm бара од Меѓународната трговска комисија да го забрани увозот на Apple iPhone уредите во САД, што претставува уште еден чекор во општиот конфликт којшто владее помеѓу овие две компании.

Конфликтот надополнет со тужби, помеѓу светските компании Qualcomm и Apple станува уште пожежок откако компанијата за производство на чипсети побара од Меѓународната трговска комисија (ITC) да го забрани увозот на iPhone уреди од Азија во САД. Ова доаѓа како дополнителен удар од Qualcomm откако оваа компанија ја тужеше компанијата Apple, тврдејќи дека таа компанија направила нивните чипови да делуваат инфериорно наспрема оние коишто ги произведува Intel.

Всушност, сè до моделот iPhone 7, Qualcomm беше единствен добавувач на LTE модеми за Apple мобилните уреди, а од последниот модел овој гигант употребува и Qualcomm и Intel хардвер.

 

 

Комисијата за слободна трговија исто така се вмеша во целата оваа приказна, со тужба, која пак тврди дека Qualcomm ги изнудува производителите на паметни телефони да ги плаќаат правата на употреба, дури и ако користат компоненти од други компании, пренесува порталот GSM Arena.

Меѓународната трговска комисија секако има моќ да го прекине увозот на не-американските добра, но мали се шансите дека тоа ќе се случи и овој пат. Во секој случај, овој процес ќе потрае доволно долго, сè со цел да не биде загрозено лансирањето на новиот Apple iPhone паметен телефон.

 

 

 

04.05.2017 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега