Фејсбук прави многу пари- ова е годишниот приход

 

Денес Facebook го објави својот финансиски извештај за првиот квартал на 2017 година, во кој компанијата соопштува дека социјалната мрежа веќе има 1.94 милијарди активни корисници месечно, почнувајќи од 31 март, што е речиси 300 милиони повеќе во однос на истиот период минатата година. Уште повеќе, во просек по 1.28 милијарди луѓе користат Facebook производи секој ден.

Како што можете да си замислите, ова значи дека Facebook прави многу пари. Поконкретно, само за првите три месеци на 2017 година компанијата реализирала приходи во износ од 8 милијарди американски долари, што е раст од 49 проценти во однос на минатата година. Ако се погледне на нето добивката, таа е зголемена за малку над 3 милијарди долари, што во превод значи исклучително импресивен раст од 76 проценти. Најголемиот дел од овие пари доаѓаат од мобилната реклама, која сега е извор на околу 85 проценти од приходите од реклами на Facebook.

Исто така копирањето на функцијата Stories од Snapchat се исплатеше. Пред околу две недели Instagram објави дека веќе има речиси 200 милиони луѓе кои користат Stories секој ден. Марк Зукерберг изјави дека WhatsApp Status (Stories верзијата на WhatsApp) веќе има 175 милиони корисници. Snapchat Stories се користи од околу 161 милиони корисници дневно.

Facebook продолжува да инвестира во видео, откако повеќе луѓе гледаат клипови во платформата. Зукерберг го истакна и подемот на 360-степени видеата во „њуз фидот“ на Facebook, како и функцијата за емитување во живо.

 

 

 

04.05.2017 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега