ФОТО: Утре ќе се знае која девојка ќе ја носи титулата "Мис на Македонија"

 

Утревечер во хотелот Романтик во Дојран со почеток во 21 часот ќе се одржи големото финале на изборот Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб.

Останува уште вечерашниот и последен полуфинален избор кој ќе се одржи во Свети Николе, а како и досега ќе бидат избрани три најубави девојки.

Вчеравечер на полуфинаниот избор во Велес победи Ана Трајковска од Тетово, за прва придружничка беше прогласена Симона Станковска од Скопје, а на второто место се најде Кристина Димитриевска исто така од Тетово.

На утрешното финале ќе се претстават 15 финалистки во неколку излегувања. Победничката ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2013, а придружничките ќе можат да земат учество на други интернационални избори за кои модното студио Црнокрак поседува лиценци.

Како музички гости ќе настапат Дарко Илиевски, Елвир Мекиќ и Зои Блаж, а водител на големото финале ќе биде убавата Светлана Црнокрак.

15:57

најчитано сега